СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски причините за поразот да ги бараат кај нив

По третиот последователен пораз на избори,  ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да си ги бараат причините кај нив, наместо да бараат алиби, регарира СДСМ на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“.Победи концептот за напредок, концепт што носи кон ЕУ и НАТО, концептот кој враќа назад е поразен, поразени сите се анти НАТО и анти ЕУ политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, стои во реакцијата.
Можеби ќе ве интересира
Од СДСМ бараат одговор од претседателот на ДИК Оливер Деркоски, којак ко што велат е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  за случувањата на денот на изборите и објавувањето на резултатите.
„Бадијала ВМРО-ДПМНЕ бараат изговори за поразот што им се случи, граѓаните кажаа што мислат за нивната понуда и повторно ги казнија нивните неодговорни, незрели и опасни политики.Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе“ ,стои во реакцијата.