СДСМ во обид за одложување на локалните избори?

Судејќи според однесувањето на парламентарното мнозинство, особено пратениците од коалицијата предводводена од социјалдемолратите, излегуваат ли на виделина најавите дека СДСМ и ДУИ договориле одложување на веќе договорените за 15 октомври, годинава, локални избори, во обид да го амортизираат падот на нивните рејтинзи?

Мнозинството во парламентот денеска одби да се изгласа во итна постапка новиот термин за одржување на локалните избори и да се продолжат мандатите на градоначалниците и советите.

Пред експозето на мандатарот Зоран Заев, во името на најбројната поединечна пратеничка група во Собранието, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ предложи локалните избори да се закажат по итна постапка и при тоа истакна дека причината за предлагање на овој закон е тоа што постои сомневање дека новоформираното владејачко мнозинство нема да го испочитува договорот од пред три седмици за закажување на локални избори, договорени меѓу сите парламентарни партии, да се одржат на 15 октомври, годинава.

На ова во обид да реплицира на говорницата излезе пратеникот Горан Мисовски, кој на Димовски му порача дека требало да се формираат пратеничките групи и да се избере комисијата за избори и именување. Меѓутоа, Мисовски самиот си стави сопка, бидејќи токму поради против него и неговиот коалициски колега Ферид Мухиќ кои преземаа неделовнички дејствија и предизвикаа политичко насилство, се поднесени кривични пријави. Имено, колку да се потсети самиот Мисовски, токму пред да го востоличат надвор од Уставот и Деловникот за собраниски спикер Талат Џафер, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа да биде почитувана процедурата и практиката, според која прво треба да се оди на формирањето на споменатата комисија, па потоа ја изборот на првиот човек на Собранието.

Медиумите и претходно пишуваа дека СДСМ ќе насотјува за одложување на локалните избори, договорени на 15 октомври, датум кој го потврдија и прифатија во разговорите меѓу партиите. Градоначалниците, исто така, повеќепати предупредуваа дека ваквото неодговорно однесување од страна на СДСМ, ги загрозува платите на вработените во администрација на општините, како и функционирањето на противпожарните служби, детски градинки, основни и средни училишта, јавни претпријатија, а исто така во овој период не можат законски да будат издавани градежни дозволи, купопродажба на недвижен имот, адреси за пасош и лични карти.

Причината за бегањето на СДСМ од локалнтие избори е многу јасна – неодамнешните сондажи на јавното мнение укажува дека рапидно опаѓа поддршката за партијата, особено во заднината на прифаќањето на т.н. Тиранска платформа. Во не помалку незавидна состојба е и ДУИ, чиешто гласачко тело двојно се намали на декемвриските избори. Оттаму, не ќе да е дека се само шпекулации оти Заев и Али Ахмети изминатиов викенд на Бихаќка, се договориле локалните избори да бидат пролонгирани дури до март следната година. Во надеж дека дотогаш преземајќи ја власта и користејќи ги инструментите на државата во партиски цели ќе можат да ја поправат „лошата крвна слика“ на своите партии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.