СДСМ во паника по вчерашните најмасовни собири- си го активираат СЈО

68

Имено медиумите веќе пишуваа дека вчеравечер имало жестока расправија во СДСМ помеѓу локалните раководства на скопските ограноци и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на кого му било укажано дека толку народ немало на скопските улици ни во најдобрите денови на „Шарената револуција“ , која како таква беше дебело финансирана од Сорос и изготвена во кујната на Канвас.

Заев укажувал дека СДСМ мора да издржи по секоја цена, тој викал ако Струмица и струмичани ја издржат платформата, мора тоа да го направат и Скопјани. Од друга страна тој гласно негодувал зошто само тој ја бранел платформата од Тирана, а не го правеле тоа и другите од раководството на СДСМ.

Очигледно по ваквиот бурен состанок и се поголемата нервоза во СДСМ, каде гледаат дека граѓаните во огоромен процент се против Тиранската платформа на Заев му текнало да го активира СЈО кое ќе биде во хор поддржано од Соросовите портали и телевизиите под контрола на СДСМ, кои ќе имаат за цел да ја дефокусираат јавноста од антидржавната политика на Заев и неговата цел да ја направи Македонија двојазична, со крајна цел федерализиција и промена на името на државата по грчки терк.

СЈО веќе удри по медиумите кои Заев ги прогласи за негови најголеми непријатели и не би требало да биде изненадување утре да продолжи со атакот врз медиумите и вршење присоци за ограничување на слободата на говор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.