СДСМ во Шутка го ажурира членството во просториите на Општината

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, спротивно на законот врши партиско ажурирање на членови во просториите на Општината.

Тој на својата Фејсбук страница се пофали дека членството на неговата партија постојано расте и објави слики од луѓе кои потпишуваат пристапници. Некои од нив, се и вработени во општинската администрација, како и луѓе вработени во Општината со договор на дело.

Дополнително на ова, е тоа што ажурирањето се врши за време на работно време, што е исто така казниво. Поради ова, Ерџан Демир претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Шуто Оризари побара институциите да реагираат на ова шерифско однесување на градоначалникот Дудуш.

-Такво шерифско однесување е недозволиво и некој мора да понесе одговорност почнувајќи од градоначалникот и итно невладината организација која добила простории во општинската зграда истите да ги напушти, напиша тој на својот Фејсбук.

Според него, ваквите партиски активности во простории на локални самоуправи се строго забранети и казниви.

-До кога вака? Ова е максимална злоупотреба. По сликте може да се констатира дека некои од луѓето се вработени во општинската администрација како и луѓе вработени со договор на дело и тоа го праваат за време на работното време исто така законски не е дозволиво! Па, уште слики постирате на луѓе кои поплнуваат пристапници и се фалите. На сликите има и луѓе активисти, “хуманитарци” од невладината организација која е сместена во просториите на општинската зграда итн. Се прашувам што ли што ли уште човек да очекува од вас, што ли уште сте спремни да направите се со цел само да ги задржите вашите удобни фотељи. Не заборавајте дека народот гледа се и не заборава, и за тоа ќе ве казни, напиша Демир.