СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар  

Интегрално соопштение од СДСМ:

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата.

ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржа ниту една одлука за зачленување на државата во ЕУ.

Ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите 24 јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција на хаос и враќање назад.

Нивната единствена цел е да го попречат европскиот пат на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.