СДСМ за непризнатите гласови ќе добие 70.000 евра

129

Партиите ќе добијат пари за секој добиен глас. Еден глас им носи 15 денари, државни пари за покривање на дел од трошоците за кампањата.

Па така владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе добие околу 115 илјади евра, а околу 70 илјади ќе бидат прерлени за СДСМ. ДУИ ќе добие 37 илјади, а ДПА 16 илјади евра.

СДСМ не ги признава гласовите. А ќе ги признае ли парите што тие гласови треба да и ги донесат?

Професорката по уставно право Тања Каракамишева објаснува дека не постојат законски можности да им се забранат или ограничат парите на партиите. Но како што вели од деструктивните политики кои се кројат на Бихаќка, сега граѓанинот е оставен на цедило.

„Вие може да го заштите вашето право само во текот на изборниот процес. Но немаме постфестум заштита на изборното право. Јас тврдам дека овде има директно кршење на избирачкото право и повреда на изборното право на граѓаните“, вели Каракамишева за Алфа.

Надвор од сите демократски стандарди се политиките кои ги водат социјалдемократите, смета Каракамишева. Со оглед на фактот дека ниту една земја не познава ваков тип на политика на урнисување на системот и државата, посочува дека не постоел ни основ да се напишат законски одредби за спречување на ваквите деструктивни чекори.

„Но ова се случува пред нашите очи и ние мора да размислиме во иднина овој преседан да не ни се претвори во пракса и оваа политика не само да се маргинализира, туку да се создадат правни механизми за заштита од сите штетни последици кои ги трпиме ние граѓаните“, потенцира Каракамишева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.