СДСМ: За тендер доделен од неговата Влада Груевски обвинува некој друг!

За тендер доделен од неговата Влада Груевски обвинува некој друг, велат од Социјалдемократскиот сојуз реагирајќи на прес конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.

Прес конференциите  на ВМРО-ДПМНЕ стануваат од смешни, посмешни. Ако е и од Влатко Ѓорчев многу е. За тендер доделен во 2014, од страна на Владата на Никола Груевски на определена фирма, да биде обвинувана Радмила Шекеринска, во најмала рака е небулозно“, се вели во писмената реакција.