СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ е нормално за политички цели да се злоупотребува судбина на починати

ВМРО-ДПМНЕ падна прениско, дезертерот Драган Ковачки злоупотребува починати лица, реагира СДСМ откако пратеникот Драган Ковачки денеска праша дали премиерот Димитар Ковачевски го злоупотребил својот чичко Александар Ковачевски за да му се впише дека е „трајно неспосебен“ за служење војска.

Ова што го прави очајниот шпицен градоначалник Христијан Мицкоски е под секое човечко, културно и политичко ниво. Не поминаа селективно фабрикуваните лаги за претседателот Ковачевски и сега Драган Ковачки оди уште пониско, злоупотребува починати лица. Зарем за ВМРО-ДПМНЕ е нормално за политички цели да се злоупотребува трагичната судбина на починатиот Александар Ковачевски, на кого му починаа две деца? До толку ли ниско се паднати да немаат ниту срам, ниту елементарно достоинство?“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Оттаму велат дека нивната политичка култура не дозволува дебатата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ.