СДСМ, Заев, Фрчковски и Геровски подготвуваат терен за федерализацијата

Антидржавното однесување на СДСМ донесе конференција за федерализација. По објавувањето на информациите дека декемвриската конференција ќе донесе барање за федерализација преку нов рамковен договор и официјализирање на албанскиот јазик на цела територија како и поништување на квотата за 20 проценти преку издигнување на албанската заедница над сите други станува јасно зошто беа изјавите на Заев за нов рамковен договор и негово рекомпонирање, на Фрчковски за Албанец премиер и на Геровски за федерализација.

Во мај годинава, Заев при гостувањето во емисијата „Jeta në Kosovë“ која се емитува на косовската телевизија РТК.1 вети воведување на задолжителен албански јазик во градинките, основните и средните училишта ветува лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Ги изгубивме изборите во 2006 поради нашето однесување, не казнија граѓаните и Албанците и Македонците. Во градинките, основните и средните училишта… Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина, изјави Заев.Идејата на истакнатите опозиционери Бранко Героски и Љубомир Фрчковски како и изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев подготвувале терен за конференција за федерализација.

Во истото интервју Заев исто така говореше за некакво продлабочување на Охридскиот рамковен договор. Според експертската јавност која смета дека Охридскиот договор е исполнет во најголема мера, се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација каде по етничка основа би се протежирало бинационална држава.

Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев.

Љубомир Фрчкоски, поранешен кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ и еден од неформалните советници на Зоран Заев, на почетокот на месецов во едно интервју во јавноста уште еднаш ја актуелизираше неговата идеја за ротирачки премиер при што по правило на неколку години треба да се избира Албанец премиер.

Фрчкоски сметаше дека ова прашање треба да се актуелизира токму во моментот кога партиите преговараат за изборниот модел и други актуелни политички прашања.

Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

По ова станува јасно дека со овие изјави Заев и Фрчковски праќале сигнали на тема албански јазик и Албанец премиер заради конференцијата за федерализација планирана за декември.

Дополнително, главната медиумска тупаница на опозицијата Бранко Героски за темата федерализација говореше во неговата колумна „Ајде да зборуваме за федерализација“, со што практично како да ја отвори вратата на она што во декември би требало да следи.

geroski-ajde da zboruvame za federalizacija

Информациите дека декемвриската конференција ќе донесе барање за федерализација преку нов рамковен договор и официјализирање на албанскиот јазик на цела територија како и поништување на квотата за 20 проценти преку издигнување на албанската заедница над сите други одекнаа како нова бомба меѓу македонската јавност.

Дополнително, станува јасно дека изјавите на дел од опозиционерите во изминатиот период требало да ја отворат вратата и да го подготват теренот за она што понатаму ќе следи. Според експертската јавност таквите потези беа оценувани како класично додворување на Заев кон албанскиот електорат, но по информациите дека темата за Нов Рамковен договор би требало повторно да биде ставена на маса следниот месец, станува јасно дека тие повеќе имале за цел да го подготват македонското население.

Станува јасно дека антидржавното однесување на СДСМ, која во изминатиот период се обидуваше да удри директно на институциите во државата, да креира немири и хаос дополнително придонесоа да се катализира овој процес и да се отворат вратите за новиот рамковен договор и неговото рекомпонирање.