Сдсмовската Телма продолжува со тешките лаги и не објавува одговори од Владата

Сдсмовската Телма продолжува со тешките лаги и не објавува одговори од Владата
Сдсмовската Телма продолжува со тешките лаги и не објавува одговори од Владата

Телевизијата Телма која беше дел од скандалот со лагите на Заев за посетата на Израел, кога лидерот на опозицијата беше директно демантиран од страна на Државата Израел, беше фатена во нова лага, пишува „Курир“.

Вчера Телма објави дезинформација дека претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер наводно ја повлекол поканата за учество на премиерот Никола Груевски на средбата која ЕК ја организира во недела а чија тема е кризата со мигрантите.

-Телма од дипломатски извори дознава дека поканата била подготвена за премиерот Никола Груевски но во последен момент претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер побарал поканата да се повлече. Високи дипломатски извори потврдуваат дека причината е револтот кај првиот човек на комисијата затоа што се одложија роковите кои се напишани во договорот од Пржино,  беше објавено вчера на Телма.

Оваа дезинформација во текот на денот беше демантирана од страна на портпаролите на Европската Комисија и нејзиниот претседател, Маја Коцијанчич и Мина Андреева, кои истакнаа дека