Се активираше Етна, запрен воздушниот сообраќај околу Катанија

Вулканот Етна се активираше и исфрла пепел во небото, пренесува Франс Прес.

За регионот е воведена забрана за воздушен сообраќај. Аеродромот во градот Катанија не е во функција, поради намалената видливост.

Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија во областа на Етна изутринава биле регистрирани повеќе од 130 случаи на сеизмичка активност, меѓу кои и земјотрес, со јачина од 4 степени.

Сеизмичката активност ја засилила активноста на вулканот, кој испушти облак од пепел околу пладне. Висок 3300 метри, Етна е најголемиот активен вулкан во Европа.