Се уште се анализираат најдените делови од авион на Реунион

Продолжуваат анализите на пронајдените делови од авион во близина на францускиот остров Реунион во Индискиот океан.

Малезискиот премиер смета дека не постои простор за сомнеж дека станува збор за делови на Боинг 777 на комапнијата Малезија ерлајнс, исчезнат на 8 март 2014 година.

Јавниот обвинител од Париз само потврди дека станува збор за дел од крилото на еден Боинг 777.

Во оваа авионска катастрофа исчезнаа 239 лица на летот МХ370 кој требаше да ги однесе од Куала Лумпур во Пекинг.

 

Авионот се урнал во близина на Перт?

Малезиските и австралиските власти се сомневаа дека авионот се урнал во јужниот дел на Индискиот Океан, недалеку од градот Перт. Сега се поставува прашањето дали делови од авионот можеле да „допловат“ носени од морските струи до Реунион, кој се наоѓа на спротивниот крај од Индискиот Океан.

Најверојатно станува збор за остатоци од Боинг 777

Пронајдени нови авионски делови од исчезнатиот Боинг 777
Пронајдени нови авионски делови од исчезнатиот Боинг 777

Ксавиер Титлеман, поранешен воен пилот кој во моментов специјализира за безбедност во авијацијата, бил контактиран утрово од страна на човек кој живее на островот Реунион во Индискиот Океан. Човекот му испратил на Тителман повеќе фотографии на кои се гледаат остатоци од авион, за кои се смета дека се од исчезнатиот авион.

Според него и неговите колеги, врз основа на фотографиите може да се заклучи дека највертојатно станува збор за остатоци од авионот Боинг 777, односно ист модел како авионот на Малезија ерлајнс.

Со помош на кодниот број ќе се овозможи побрза идентификација

Во моментов пронајдените делови од авион поттикнаа поширока дебата на интернет и на блоговите наменети за пилоти. Најмногу се дискутира за делот од код пронајден на остатоците : BB670.

Кодниот број не од бројот на авионот, ниту пак станува збор за сериски број на моторот, вели Тилман.

Но, како што нагласува, доколку овој дел од авионот навистина припаѓа на исчезнатиот малезиски авион, благодарение на делот од кодот постои можност за побрза идентификација. Конечните заклучоци ќе бидат донесени за неколку дена.

Авионот од типот Боинг 777 на Малезиан ерлајнс исчезна на летот од Куала Лумпур за Пекинг на 8-ми март 2014-та година со 239 патници и членови на екипажот.

 

 

Повеќе за потрагата по исчезнатиот малезиски авион на следните линкови:

ФОТО+ВИДЕО: Пронајден предмет од исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс

Британците знаат каде е исчезнатиот авион, таму се уште не се трагало

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.