9.8 C
Skopje
среда, декември 11, 2024

Се асфалтира улица во Колонија, Стефковски вели дека Гази Баба нема да има заборавени населени места

Обновата на Гази Баба станува реалност! Попладнево бев на увид на градежните работи на асфалтирањето на крак од улица 1 во населеното место Колонија. Кракот е во должина од 220 метри, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој напиша дека во Гази Баба нема да има заборавени населени места и дека секаде ќе инвестираат.

– Со денешното асфалтирање во изминатите 60тина дена од мојот мандат на територија на општина Гази Баба се асфалтирани локални улици во должина од над 2000 метри, додава градоначалникот.