Се билдаат партиските вработувања, секој ден течат огласи во администрацијата

49

Предизборните вработувања се нижат. Отворени се огласи за вработување на тројца државни службеници во канцеларијата на претседателот на владата, 18 државни службеници во Министерството за правда, поточно Управата за извршување на санкциите, еден службеник во министерството за култура, двајца помлади ревизори во Ревизорското тело за ревизија на инструментот за пристапна помош, 4 нови вработувања во македонската филхармонија, 4 нови вработувања во Агенција за управување на одземен имот, 4 вработувања министерството за локална самоуправа поточно државниот инспекторат за локална самоуправа, како и вработувања на двајца јавни службеници во Македонскиот народен театар се само нова серија од серијалот на партиски вработувања.

Платите кои што ќе ја примаат овие лица воопшто и не се мала, според огласите таа е во зависност од позицијата а највисоката изнесува дури над 37.000 денари.

Владата на СДСМ додека беше во опозиција речиси и да немаше ден дека администрацијата е партизирана дека се злоупотребува за партиски цели дека има превработеснот, но денеска речи не поминува ден а да не се распише оглас за врабоување и наместо непартиска и професионална администрација, истата стана место за вдомување на членовите на семејствата, пријателите и партиските војници на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.