Се бира наследник на Меркел на чело на ЦДУ

Денеска имаме многу работа, истакна германската канцеларка Ангела Меркел, во пресрет на Конгресот на ЦДУ, на кој се бира нејзин наследник на чело на партијата.

Шефот на Владата во Берлин се обрати кон своите сопартијци од ЦДУ, кои се учествуваат на конгресот во нејзиниот роден град Хамбург. 1001 член ќе бираат нов претседател на политичката партија. Меркел најави дека се повлекува од претседателската функција поради тоа што евроскептичната партија „Алтернатива за Германија” влезе во 16-те Парламент на федералните покраини.

„Јас знам дека овој конгрес е значаен. Ние треба да ги зајакнеме нашите позиции како народна и центристичка партија и да им понудиме на нашите сограѓани јасна и конкретна програма”, категорична беше Меркел, чие обраќање беше пропратено со аплауз.

Нов лидер на ЦДУ се бира со тајно гласање. Победникот мора да добие 50% + еден глас од присутните делегати. Ако ниеден од кандидатите не добие доволен број гласови, првите двајца кандидати одат во втор круг.

За претседател на ЦДУ се кандидираа: актуелниот генерален секретар на ЦДУ Анегрет Крамп-Каренбауер, која има поддршка од 47% од сопартијци, шефот на пратеничката група на ЦДУ во федералниот парламент, Фридрих Мерц (30 отсто) и министерот за здравство на Германија, Мартин Шпан (12%).