Се бориме за леб, но се бориме и за рози, порачаа од Гласен текстилец

„Леб за сите, но и рози исто така“ со оваа порака денеска активистите од „Гласен текстилец“ и вработените во Општина Штип го одбележаа Меѓународниот дена на жената. Кристина Ампева од „Гласен текстилец“-Штип вели дека градот на текстилот и на текстилните работнички и работници доби уште едно дело посветено на нив. Во паркот „Суитлак“ од денеска има голем мурал, на којшто е исрцтана шивачката машина, со рози и жито.

-Идејата дојде читајќи како започнала борбата за еднаквост односно пораката „Леб за сите, но и рози исто така“ која го објаснува оно што го зборувам во последно време. Доста е веќе од минимална плата, доста од гола егзистенција и преживување. Сакаме да живееме. Па така и нашата порака е соодветна на македонските услови „Се бориме за леб, но се бориме и за рози“. Во последно време гледаме дека борбата за нашiте права со акцент на работничките права се интензивира станува се погласна и пожестока, па порачувам на сите дека секогаш ќе бидеме на страна на работниците, порача Ампева.

Таа истакна дека жените во 21 век не се еднакви, ниту пак ги уживаат правата загарантирани со закон. Ампева додаде дека по толку години од протестот на Клара Цеткин и Роза Луксембург текстилните работнички се уште се олицетворение на нарушени работнички права. Работат во просечни услови, ниски плати, неисплаќање на прекувремена работа. родовата нееднаквост е длабоко изразена во приватниот сектор, смета Ампева. Забележа дека се чекаат и новите Закони за работни односи и за мобинг.

-Се уште имаме жени работнички во целиот приватен сектор за кои кога работодавачот ќе разбере дека се бремени не им се продолжува договорот или се отпуштани. Ќе слушнеме и за случајот во Кавадарци каде 69жени иако им се должело три плати и придонеси, сепак судот одлучил дека треба да платат адвокатски судски трошоци и дека не се во право рече Ампева.

Додаде дека жалбата за 70 текстилните работнички од Кавадарци ја подготви правниот тим на „Гласен текстилец“ и веќе во текот на денешниот ден ќе биде доставена до Апецискиот суд.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов рече дека денеска е ден кога гласно се зборува за рамноправноста и вклученоста на жените.

-Дефенитивно Штип е град во којшто жената е вклучена во развојот на градот и во минатото и сега, вели Јорданов.

Во Штип низ текстилните конфекции и во фабриките во ТИР зоните работат околу 8.000 работнички.