Се брзаше за избори за да замине на сеанса цимолење

Во Македонија ништо не е интересно ако е нормално. Што ли ќе се случува ако фатиме некој нормален колосек?!

Се случи пандемијата со Ковид-19 и ги одложи предвремените парламентарни избори и додека се се ставаше во мирување и чекање, само за една работа имаше брзање, среде пандемија да се одржат избори. Да видиш и просто да се чудиш зошто најголемиот гласноговорник (Зоран Заев) барал што побрзо да се одржат изборите – да отиде на одмор.

Па, нели државата беше во криза, а со изборите треба што побрзо да се надмине лошата состојба во државата. Која држава? Та нели мамичето мамино кој нема да го слуша.

Ова повеќе личи бегај оттука додека не те расплакале. Заев ја нема комотната позиција за составување на нова влада, затоа што Али Ахмети испорача висока цена, за која веруваме дека нема така лесно да ја проголта. И, под услов Ахмети да се откаже од нивното барање Албанец за премиер, цената за партиципирање во новиот владин состав предводен од лидерот на СДСМ ќе биде превисока, иако политиката е ку*ва и се е можно. Сепак, понижувањето ќе биде гопемо. Прашање е Заев дали може да се симне до тој степен па да проголта уште едно понижување со кое дефинитивно ќе биде обележан како најголем слабак во македонската политика со повеќе негативни епитети.

Неговото заминување на „одмор“ е како онаа народната „село гори баба се чешла“.

Одморот е само ноншалантно замајвување на јавноста, а вистинското име на „одморот“ е „сеанса на цимолење“. Зошто? Очигледно дека сам не може да се справи пред проблемот Али Ахмети и неговиот премиер, затоа ќе оди на одредено место да цимоли – како оној од Мала Речица го уценува и тој не може да го заврши почнатото. Неговото барње ќе биде да се притисне ДУИ да не уценува, но и дека може коалиција да прави само со СДСМ.

Барем, според досегашните искажувања, ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Левица не сакаат да коалицираат со СДСМ, а, од друга страна, и Алијанса за Албанците и Алтернативата не сакаат да бидат во иста влада со ДУИ, така што ситуацијата е дојдена до таму да се повика Пријател со голема мотка од кого се плашат сите.

Очајничките повици за брзи избори беше да се искористи прогледувањето преку прсти за поткупот што се правеше со државни пари, како и преку некои невладини организации, а не дека на некого му се брзаше за нешто друго.

Замајувањето со тоа дека тој оди да се одмори а за влада ќе размислува по Илинден е многу ниско, затоа што ќе биде очигледна неговата немоќ сам да се справи Али.

Кога веќе оди саеанса цимолење, битно е пак тие каква домашна задача ќе му зададат. За одговор нема многу да чекаме, но има едно НО.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.