Се чистат споменици од НОБ во Скопје во пресрет на „11 Октомври“

Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание против фашистичките окупатори во текот на Втората светска војна, Град Скопје соопшти дека спроведува акција за чистење на спомениците на Народно ослободителната борба.

Со акцијата се исчистени спомениците Жена борец, на Благоја Деспотовски – Шовељ, Перо Наков, Панче Пешев, како и споменикот на УРС-овите синдикати.

Во наредниот период ќе продолжи акцијата за чистење и на другите споменици од Народно ослободителната војна.

„Спомениците на учесниците во Народно ослободителната борба кои се поставени во Скопје заслужуваат посебно внимание и затоа Градот ќе продолжи да се грижи тие редовно да се одржуваат заедно со просторот околу нив”, соопшти прес-службата на Град Скопје.