Се договориле да се видат во угостителски објект, таа дошла со синот – ја истепал и ја удирал со пиштол!

На 30.09.2022 во 21:22 часот во ОВР-Прилеп, Х.С.(42) од Прилеп пријавила дека околу 15:30 часот по претходен телефонски договор со С.П. таа и нејзиниот син Ф.С. заминале во угостителски објект на подрачје на Прилеп каде таа била физички нападната од С.П. кој при тоа ја удрил и со пиштол.

За настанот е известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.