Со најавата за отпуштање на околу 2.000 лица Мајкрософт става точка на брендот Лумиа и ќе се сврти кон нови Виндоус паметни телефони.
По се изгледа и покрај огромниот труд на Нокиа и Мајкорософт, се гледа крајот на Лумиа, како што објавуваат голем број ИКТ медиуми. Откако претходно Мајкрософт ја купи Лумиа заедно со Нокиа, компанијата го намали бројот на вработени во Нокиа компанијата за околу 10.000 лица заедно со споменатите нови 1.850 отказни решенија (околу 1.350 во Финска и 500 во целиот свет), а го продаде и производството на обичните Нокиа телефони на Фокскон, сега најави дека ќе го усгасне и производството на Лумиа телефони и ќе ја почне транзицијата кон Сурфејс телефоните што наскоро ќе бидат презентирани.
Сепак, Мајкрософт во писмото до вработените и партнерите наведува дека Виндоус телефоните не се гасат, туку дека компанијата прави пресметки и носи нови стратешки одлуки, што долгорочно ќе имаат позитивно влијание на положбата и развојот на таквите Виндоус уреди.