Се гоштевале по ресторани на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони… се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра, пишува Мкд.мк.

И Владимир Симоновски командирот на Противпожарната бригара на Скопје во два наврати потпишува сметки за репрезентација како дел од прославата за набавката на противпожарната скала од 1,7 милиони евра. Инаку, за оваа набавка во Државната комисија за спречување на корупцијата е отворен случај.
Претходниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов склучил договори со три ресторани за угостителски услуги (со попуст од 10%), а од годинава со одлука на новата градоначалничка Данела Арсовска средствата се пренаменија за Ретвитни оброк и за Црвен крст.