Државниот инспекторат за земјоделство го испитуваат квалитетот на земјоделските производи во поплавените подрачја поради претпоставка за нивна контаминација.
-Пет тимови на земјоделски и фитосанитарни инспектори од денеска вршат обиколка на теренот, по што ќе бидат земени примероци на анализа во лабораториите на Ветеринарниот факултет кој овозможи бесплатни анализи. Покрај тоа уште еден тим од инспекторатот ќе биде постојано присутен на централниот пункт во Стајковци, каде производителите ќе можат да се консултираат со нив, информираат од Државниот инспекторат.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски апелираше до граѓаните кои одлгедуваат земјоделски производи да не вршат продажба на истите, како и до откупувачите – да не откупуваат производи од овој регион додека не се утврди нивната безбедност.
Активностите на Државниот инспекторат за земјоделство се во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство.