Се испитуваат 12 сомнителни лица на коронавирус, се чекаат резултатите

Дванаесет заболени моментално се испитуваат на евентуално присуство на корона вирус и нивните резултати ќе бидат познати за неколку часа, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, дел од нив се вратиле од патување од Италија, а осуммина се соседи на заболените од Дебар и биле во интензивна заедничка комуникација. Се тестираат и уште двајца пациенти на инфективното одделение во Штип, едниот е пациент од Кочани со знаци на грип кој што патувал во Италија и еден пациент кои што е испратен преку центарот за јавното здравје во Прилеп

Филипче ги повтори мерките за заштита додавајќи дека сите коишто нема да ги почитуваат ќе се соочат со кривична одговорност.