Се истражуваат причините за вчерашната несреќа на патот Велес-Штип

Се’ уште се прават истражувања за причините за вчерашниот немил настан. Железничкиот сообраќај на патниот правец Велес- Штип е нормализиран.

На скопскиот Клинички центар лежат 11-мина повредени од вчерашната несреќа во овчеполието. На КАРИЛ се двајца пациенти кои се на интензивна нега.

Во текот на денот ќе им бидат направени дополнителни испитувања. На клиниката за трауматологија се сместени 5-мина пациенти и се во добра општа здравствена состојба.

Еден пациент е на клиниката за неврохирургија. Сите пациенти се надвор од животна опасност.

Вчера попладне повредените ги посети и премиерот Никола Груевски при што лично се запозна со здравствената состојба на пациентите.