Се качиле на кула за да направат селфи, ги удрил гром – 11 загинати

Во градот Џајпур на северот од Индија вчера при удар на гром смртно настрадаа 11 лица, а поголем дел се повредени.

Жртвите сакале да се фотографираат селфи за време на дожд на врв на кула во тврдината Амбер, која е популарна туристичка атракција.

На кулата се наоѓале околу 27 лица  во момент кога удрил гром, а некои од нив од ѕидините скокнале. Претставник на полицијата соопшти дека најголем дел од жртвите биле млади.

Во Индија монсунската сезона обична трае од јуни до септември со обилни врнежи од дожд.