„Се колнам, не видов тело на патот“

46

Педесет и седумгодишниот Стефан Царевиќ, таксистот од Нови Сад кој ја прегази 28-годишната млада мајка Марија Милишиќ, вели дека не видел тело на патот додека возел.

Тој  во полиција се тресел и со солзи во очите се колнел дека ништо не забележал на патот.

Возачот на Марија буквално и поминал преку глава. Ниту видел тело на патот ниту нешто почувствувал.

По дваесетина метри откако забележал што се случило, излегол од автомобилот и притрчал да и помогне на несреќната жена, но веќе било предоцна, велат извори за српскиот Курир.

Стеван ги избегнува средбите со новинарите.

– Не е дома, а и да е, што може да каже? Не е тој виновен тој туку пијаниот возач, велат од неговото семејство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.