Се комплетираше фудбалската репрезентација

Селекторот на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, на денешниот попладневен тренинг ги имаше на располагање сите играчи на кои смета за претстојното гостување во Австрија и дуелот со Израел, во квалификациите за Европското првенство.

Денеска на тимот му се приклучија Горан Пандев, Илија Несторовски, Столе Димитриевски и Енис Барди. Повратник во А тимот е Никола Ѓорѓев, кој настапува за швајцарски Грасхоперс.

– Горд сум и среќен што повторно сум во националниот тим. Задоволен сум од формата во која се наоѓам. Не треба да се плашиме од Австрија, го знаеме нивниот квалитет. Ќе треба да бидеме трпеливи, порача Ѓорѓев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.