Се монтира покривот на големата сала на Филхармонија

Во тек е изведба на челичната покривна конструкција над големата сала на новата зграда на Македонската филхармонија која почна да се гради пред повеќе од пет години, а работата треба да заврши кон средината на месецов. По завршувањето на оваа постапка веднаш ќе се започне монтажата на челичната покривна конструкција над малата сала, а истовремено ќе се монтира завршниот покривен лим.  Неодамна се започна и со поставување на потконструкција за фасадата на северната страна на објектот (кон МОБ).

Исто така, изведувачот за сите градежни, градежно занаетчиски, инсталатерски и ентериерни работи, „Страбаг“ АД Скопје во периодот од подготвителните работи, работи на разработка и проектирање на ентериерното решение и истовремено доставува материјали согласно техничките карактеристики, известуваат од Министерството за култура.

Ентериерот на објектот на Филахармонија, модерна градба со најмногу позитивни критики од проектот „Скопје 2014“, ќе го уредува австриската фирма „Страбаг“, за околу 26 милиони евра.
Соред договорот со Министерството за култура, австријците имаат обврска да ги спроведат сите градежно-занаетчиски, ентериерни и инсталатерски работи за големата концертна сала, како ѕидарски, изолациони, гипскартонски, паркетарски, керамичарски, камерорезачки, терацерски, браварски, молерофарбарски и други работи.

„Ангажмнаот на „Страбаг“, опфаќа целосна ентериерна обработка на големата и мала сала, вежбални, и други простории. Столици за концертните сали и целосната опрема потребна за музичарите. Електрични, термотехнички и хидротехнички инсталации што подразбира целокупна надворешна и внатрешна хидроизолација, целосна елктротехничка инсталација и опрема со целокупно осветлување, термотехнички инсталации (радијаторски системи, ладење, греење, акустичкжнки пригушувачи, противпожарни системи). Аудиозвизулени системи и опрема (систем за интерна комункинација, аудио систем за мала и голема сала,видео мониториг систем – систем за РТВ пренос и видео придукција, систем за музичка продукција и мастеринг и друга опрема“, велат од Министерството за култура.

Новата зграда на Македонската филхармонија почна да се гради во март 2009 година,  но поради банкрот на австриската  градежна фирма „Алпине Бау“, која го доби тендерот, објектот досега не се изгради.

По раскинување на договорот со „Алпине Бау“, изградбата на карабината ја продолжи скопската градежна фирма „Гранит“, која за 4,7 милиони евра до октомври годинава треба да го изгради објектот.

Филхармонијата ќе има две челични покривни конструкции, една внатрешна лушпа над салите и една надворешна. Се гради според решението на архитектот Виктор Михајлов, кое предвидува голема симфониска концертна сала со околу 1.100 седишта, наменета за класична музика и мала концертна сала до 300 седишта за експериментални типови на музика. На акустиката ќе работи германскиот акустичар Јорг Кумел.

 

Фото: Билд.мк