Се најавуваат протести на Беса и Алијансата

Албанската опозиција во Македонија се подготвува за големи протести. Предупредувањата доаѓаат од претставници на Движењето Беса, партија која во вториот круг од локалните избори се натпреваруваше заедно со Алијансата за Албанците , во коалицијата Алијанса со Беса, пишува Газета Лајм.

Функционерот на Движењето Беса, Емад Мехмети, навести дека протестите може да бидат одговор на нерегуларностите и “изборната кражба” на локалните избори.

-Тоа не го може никој друг со кражби и измами, освен државата и власта да ги деформираат изборите, заедно со полицијата и мафијата, за да ја утврдат судбината на нашите општини, така што е време за.. …”, пишува Мехмети на Фејсбук, без да го спомне зборот протести, но јасно алудирајќи со објавувањето на фотографии од големите протести на 9 мај, 2016 година.

Нема директно предупредување од страна на Алијансата за Албанците за протестите, но оваа партија, исто така, рече дека првиот ден на изборите беше исполнет со нерегуларности, пишува Газета Лајм. Дури и од Движењето Беса и Алијансата за Албанците, наводите за нерегуларности се однесуваа на СДСМ и на ДУИ, двете најголеми владини партии. Во меѓувреме, многу албански аналитичари проценуваат дека протестите може да бидат единствениот одговор кон владата доколку не се почитува волјата на Албанците на овие избори која беше убедливо во корист на опозицијата, но тоа не беше ефективно поради поддршката што ДУИ ја доби од македонските гласачи.

Lajmpress (Almakos)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.