Се намали продажбата на француски шампањ и во 2013-та година

Минатата година бројот на продадени шишиња шампањ е намален на 303 милиони, соопшти здружението на француските производители на шампањско (ЦИВЦ).

Тоа е втор последователен пад во продажба на тој пенлив алкохолен пијалак, откако во 2012-тата година се продадени 309 милиони шишиња. Производителите стравуваат дека падот во продажбата би можел да ја надминат границата под 300 милиони шишиња што беше случај во време на финансиската криза во 2008-ма година.

Намалената продажба се толкува како последица од лошата состојба не само на францускиот, туку и европскиот пазар поради должничка и финансиска криза.