Се намалува бројот на заразени и починати во Шведска

Во Шведска во последните два дена регистриран е најмал број на смртни случаи како последица од новиот коронавирус.

Од последици од ковид-19 во Шведска вчера починале 17 луѓе, додека денеска забележани се 12 смртни случаи. Тоа е голем пад на смртните случаи во споредба со другите денови, посебно во однос на 8 април кога починаа над сто луѓе. Од средата до петокот (од 8 до 10 април) во земјата умираа над 90 луѓе.

Во Шведска регистриран е и голем пад на новозаразени лица со ковид-19, вчера имало 466 нови случаи, додека денеска се забележани 332 пациенти. Во спордба со изминатите денови, бројот на новозаразени е речиси двојно помалку. На 10 и 11 април биле регистрирани над 720 инфицирани лица со новиот коронавирус.

Во Шведска регистрирани се 10.151 инфицирани лица, од кои 887 починале.

Во земјата не е воведен карантин, не се затворени училиштата, кафулињата, рестораните и баровие. На граѓаните не им е забрането да излегуваат, но им е препорачано да се самоизолираат ако имаат симптоми на ковид-19. Забранети се собири на повеќе од 50 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.