Се намалуваат цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,67 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 30.03.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 48,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар за литар и ќе изнесува 45,00 ден/лит.

Намалување има и кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,50 денари/литар и ќе изнесува 33,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,921 ден/кг и ќе изнесува 17,970 ден/кг.

Од 07.04.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 48,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 50,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 45,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 33,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 17,970 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.