Се обеси 20-годишна девојка од Скопје

Вчера околу 10:00 часот во ГОБ „Св.Наум Охридски“-Скопје била донесена Самра Л. (20) во тешка здравствена сосотојба по обид да изврши самоубиство со бесење.

По неуспешна реанимација истата починала.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на Институтот за Судска Медицина за обдукција.

Ова е второ самоубиство во рок од два дена во Македонија. Завчера средовечен охриѓанец си го одзеде животот скокајќи од тераса.