Се обеси затвореник во затворот Идризово

Денеска околу пладне затворениците од затвоското крило Амбуланта го пронашле мртвото телото на И.С. од Кавадарци, пишува порталот Аваз.мк.

Затвореникот си го одзел животот со бесење.

Според информациите од затворот, се работи за осудено лице кое што е осудено на повеќегодишна затворска казна и е зависник од наркотици.

Телото на починатиот е предадено на органите за утврдување на околностите и причината на смртта.