Се обврзуваме да работиме за нови 64 илјади работни места

Се обврзувам дека во текот на следниот мандат ќе работиме на создавање на нови 64.000 работни места. Ова ќе значи намалување на невработеноста за дополнителни 6 процентни поени, рече премиерот Никола Груевски.

Тој најави прецизна агенда за овие нови работни места.

-Напорно ќе работиме на поддршка на бизнисите во Македонија, ќе обезбедиме поволности за вработувања, особено на младите кои сакаат да работат. Ќе продолжиме со привлекување на странски инвестиции, што покажува на светот дека Македонија е отворена за бизнис и да ја одржиме економски силна, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.