Се очекува бројот на заболени од грип да расте

Во периодот од 13 до 19 јануари, бројот на заболени од грип е 1.385. Во споредба со истиот период минатата година (1.759 заболени), постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 89,2%, а во однос на просекот за 10-годишниот период (3.749) се регистрира намалување на бројот на заболени во оваа сезона за 12,7%.

Вкупниот број на заболени од грип од почетокот на сезоната заклучно со третата недела изнесува 3.328. Во овој период регистриран е еден смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, кај жена на 67-годишна возраст со историја на хронични болести (хронична обструктивна белодробна болест, кардиомиопатија, дијабетес, бубрежна болест, деменција), кај која лабораториски е потврдена инфекција со вирусот на инфлуенца А/H3N2.

Во трите недели од месец јануари пријавени се најголем број на случаи со симптоми на од вкупниот број на заболени во целата сезона. Најголем број на заболени (702) како и најголем во оваа сезона се регистрирани на територијата на Куманово.Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) и изнесува 2.087 случаи

Бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип во Македонија има тренд на интензивен и континуиран пораст. Се очекува овој тренд на раст на активноста на вирусот на инфлуенца да продолжи и во наредните недели.

Доминантна е циркулацијата на вирусот на инфлуенца тип А, при што се бележи кодоминација на двата негови подтипови – А/H1 и А/H3N2.