Се очекуваат еден милион демонстранти на денешните протести во Киев

Денеска во украинската престолнина Киев ќе се одржи уште еден антивладиниот протест. Организаторите се надеваат да соберат еден милион лица, за да извршат силен притисок врз претседателот Виктор Јанукович, кој се обидува да ги опорави односите на Украина со Русија по одложувањето на потпишувањето на договорот за асоцијација ЕУ, пренесе „Ројтерс“.

Континуираното двонеделно противење меѓу проевропските демонстранти и владата предизвикува загриженост за политичката и економската стабилност на Украина, која е главната транзитна земја за рускиот гас кон Европа.

Околу 350 илјади луѓе учествуваа во демонстрациите минатата недела, ден откако силите на редот ги нападнаа демонстранти и новинари , во обид да го изгаснат протестите.