Се огласија од РКЕ по нападот врз Бислимоски

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР, информира портпаролот на комисијата Марина Узунов.

„Сакам да ја информирам јавноста дека како и до сега така и од сега РКЕ ќе продолжи да работи транспарентно согласно законот затоа што основен постулат во нашето делување е заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност и стабилност во електро енергетскиот систем. Единствено по што се водиме е словото на закнот, така и ќе продолжиме да ги водиме постпките врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила“, изјави Узунов за МИА.

Нагласи дека  претседателот на РКЕ Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции.

Како што информира претходно МВР, во СВР Скопје синоќа во 23,54 часот М.Б.  на 45 години од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од 28-гдишниот А.Џ. од Скопје.