Се огласи амбасадата на Унгарија: Не сме против влегувањето на Северна Македонија во НАТО

Апсолутно ја отфрламе идејата дека Унгарија е против влегувањето на Северна Македонија во НАТО. Отсекогаш сме биле и ќе останеме стабилни поддржувачи на пристапувањето во Северна Македонија” се вели во реакцијата на Угнарската амбасада во Македонија, објавена на нејзината фејсбук страна.

„Евроатлантската интеграција на земјата ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на целиот регион, во кој Унгарија останува длабоко заинтересирана. Унгарскиот парламент едногласно го поддржа ратификувањето на протоколот за пристапување во Северна Македонија во јуни минатата година. Ние ќе продолжиме да и помагаме на земјата на нејзиниот пат по евро-атлантските интеграции“, се додава во соопштението на унгарската амбасада, пишуваат од амбасадата.

Повод за реакцијата е објавата на непроверени и непотврдени информации на некои левичарски медиуми во Словенија и во Македонија, оти наводно преку унгарски и словенечки компании се финансирале македонски и словенечки медиуми за да ги спречеле Преспанскиот договор и членството на Македонија во НАТО.