Се огласи човекот кому пратеникот Богоевски и друштвото му се заканувале (ВИДЕО)

206

Длабоко уплашен за сопствената безбедност сакам јавно да истакнам дека вчера бев предмет на вербална закана со опасност по мојот живот. Заканата ми беше упатена по телефон од страна на наш сограѓанин кој себеси ми се претстави како личен пријател на пратеникот од редовите на СДСМ и учесник на протестите на Шарената револуција, Павле Богоевски, изјави денеска Кирчо Анастасов.

„Сето тоа поради мој личен статус објавен на фејсбук со кој преку четири прашања упатени јавно до пратеникот Богоевски сакав да дознам која била причината за неговата посета на Делчево. За самата посета на Делчево пратеникот има објавено фотографија во една делчевска кафеана на својот фејсбук профил со коментар ‘НЕКА ПУКНАТ ДУШМАНИТЕ’, рече Анастасов.

Кога меѓу другото на фејсбук јавно запрашал „Кои се тие душмани?” и „Дали имало инцидент во оваа кафеана во негово присуство и од каква природа бил истиот?“, од лицето со иницијали А.И. добил телефонски повик со закани дека:

„’Информирани се горе за статусот’, ‘ќе зажалиш за тој статус’ и ‘ќе ти летне главата кога ќе те сретнам на улица’. Во коментари на мојата објава на фејсбук од лицето А.И. дополнително добив уште една закана, и лична навреда од лицето Д. А. кој, пак, во минатото е активист на СДСМ во Делчево. Ова не е првпат да трпам вакви закани и навреди на политичка основа од трети лица“, рече Анастасов.

Загрижен за сопствената безбедност вербалната закана ја пријавил во полиција при што јавно да апелира полициските служби да постапат согласно своите надлежности во насока за надминување на овие закани.

„За сите оние пријатели и приврзаници на разно-разни политичари во државата сакам да порачам дека нема да успеат да ме замолчат во јавна идентификација на сите малигни појави, а кои се рак-рана на нашето општество“, рече Анастасов.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.