Се огласи Ким Џонг-ун и испрати порака до Башар ал-Асад

508

Додека во јавноста кружат гласини дека е болен и неговата задравствена состојба е нарушена,медиумите во Северна Кореја и понатака не известуваат за тоа каде е сместен и кои се секојдневните активности на нивниот лидер Ким Џонг-ун.

Гласините дека Ким е во животозагрозувачка состојба по операција на срце првa ја пренесе телевизијата CNN.

Медиумите во Северна Кореја известуваат дека Ким праќа дипломатка пошта на истакнати граѓани, но не објавуваат негови фотографии во јавност, наведува јужнокорејската медиумска агенција.

Државните медиуми вчера јавија дека Ким ипратил порака на преседателот Башар ал- Асад во која и му се заблагодарува  што му ја честитал годишнината од раѓањето на неговиот дедо и основач на Северна Кореја, Ким Ил-Сунг.

Ким во јавност се нема појавено од 11-ти април, но неговото одсуство на церемонијата по повод роденденот на Ким Ил-сунг покрена шпекулации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.