Се огласи поранешниот шеф на британските разузнавачи: Коронавирусот е создаден во лабораторија како експеримент

Поранешниот шеф на британската тајна разузнавачка служба МИ6, Сер Ричард Дирлав, изјави денеска дека сака поотворена дискусија за потеклото на пандемијата на коронавирус.

Дирлав предупредува дека идејата дека вирусот би можел да потекнува од лабораторијата не треба да се отфрли.

Дирлав изрази уверување дека е конструиран вирусот што предизвикува ковид 19 и дека случајно избегал од лабораторија во кинескиот град Вухан, каде биле идентификувани првите жртви.

Неговото мислење е во спротивност со преовладувачкиот став на научните експерти, како и на американските и британските разузнавачки служби, дека коронавирусот САРС-КоВ-2 не бил создаден од човек.

Коментарите на Дирлав доаѓаат додека тим научници од Светската здравствена организација (СЗО) се подготвуваат да патуваат во Кина оваа недела за да го испитаат потеклото на болест во која загинаа повеќе од половина милион луѓе ширум светот.

„Јас сум поддржувач на теоријата дека вирусот потекнува од Институтот Вухан (за вирусологија)“, рече Дирлав, кој служеше како шеф на МИ6 помеѓу 1999 и 2004 година.

„Не велам ништо друго, освен дека тоа е последица од несреќа и дека вирусот е резултат на експериментите што биле извршени во Вухан, и за кои не мислам дека се особено погрешни“, рече Дирлав.

Сепак, широко прифатено мислење на научниците е дека новиот коронавирус, најверојатно, мутирал природно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.