Се окрупнува десницата, ФРОДЕМ му се приклучува на ВМРО-ДПМНЕ

216

Уште една десничарска проопозициска структура во Македонија се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е ФРОДЕМ.

„Препознавајќи ги политиките на новото раководство, а потребите на новото време за обединување на опозицискиот фронт ФРОДЕМ одлучи во иднина да дејствува во рамките на структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.     Јас сум исклучително среќен што изминативе неколку недели можевме искрено, пријателски, братски да поразговараме за проблемите кои што заеднички ги идентификувавме. За истите тие проблеми се обидуваме да најдеме заеднички решенија бидејќи не треба да ги гледаме работите само од денеска за утре, туку треба да ги гледаме работите и така да им приоѓаме стратешки, визионерски, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Оцени дека ова окрупнување на опозициските партии во иднина ќе продолжи.

„Состојбата во Македонија е би рекол на ниво национална катастрофа, катаклизмична и алармантна, ова не го зборувам само со цел да звучам како опозициски лидер, туку едноставно го зборувам како човек. Не може да најдеме и да издвоиме на кое поле Македонија е денеска држава која што блеска, како што тоа мафијата во владата љуби да го каже. Буквално во економијата, во здравството, во образованието, културата, спортот, буквално на секој план ние денеска тонеме се повеќе и повеќе на дневна основа. Затоа ги повикувам сите оние кои што гледаат политички противник во мафијата на власт, да ни се приклучат заеднички да се бориме против криминалот, корупцијата, понижувањата, омаловажувањата, срамот кои што се присутни веќе четврта година на македонската политичка сцена. Оттука да завршам, огромна благодарност до господата од ФРОДЕМ кои што одлучија да надминат голем број од бројот на проблемите коишто беа присутни во минатото, да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ и заеднички да се бориме за една подобра и посреќна Македонија и за една заедничка иднина во Македонија“, порача Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.