Се организира превоз за момчето со изгореници, се огласи Министерството за здравство

Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање, во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар во најбрзо време да биде пренесено на лекување во странство.

Во соопштението наведуваат: Нашите лекари максимално се грижат за момчето да ја добие неопходната здравствена заштита.

Дополнителни информации најавуваат за подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.