Се отвора простор за зголемување на регресот за годишен одмо

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка, со кој се одредуваат непризнаените расходи, со што се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели.

Како што соопштија од владината прес-служба, станува збор за мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на ковид-19.

Во истата насока на олеснување на работата на компаниите во услови на ковид-19, со предложените измени и дополнувања се предлага како признаен расход да се признаваат и платените лабораториски тестови за ковид-19 што ги прават компаниите за своите вработени.

Од Владата посочуваат дека со измените се овозможува и покривање на загубите без обврска истите да се претходно покриени согласно Законот за трговските друштва и се пропишува рок во кој Управата за јавни приходи е должна да издаде согласност по однос на барање за признавање како расход на амортизацијата на преостаната сегашна вредност на средствата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.