Се појави вирус посмртоносен од короната во Казахстан, тврди кинеската амбасада

Кинеската амбасада во Казахстан ги предупреди кинеските граѓани во таа земја за ширење на непознат вид пневмонија со висока стапка на смртност.

„Според казахстанските медиуми, поголем број на пациенти со пневмонија се појавија во регионот Атира и градот Шумкент од средината на јуни. Бројот на заразени лица во тие региони е околу 500, а 30 се во критична состојба“, велат од амбасадата.

Според кинеската дипломатска мисија, овој вид пневмонија има повисока стапка на смртност од ковид 19.

„Казахстанското Министерство за здравство и другите агенции го испитуваат вирусот. Ситуацијата е сè уште нејасна“, се наведува.

Амбасадата ги повика кинеските граѓани во Казахстан да се придржуваат кон мерките, да избегнуваат јавни места, да користат средства за дезинфекција, честопати да ги мијат рацете и да носат заштитни маски за лице.

Се додава дека луѓето со симптоми треба веднаш да побараат лекарска помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.