Се подготвува бура над Скопје, засолнете се

Силен ветер и грмотевици ја најуваат бурата која се очекува над Скопје. Според временската прогноза, по денешните виски температури, нè oчекува пороен дожд и грмежи и засилен ветер.

УХМР и за утре попладне најавува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа, како што наведува, процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме.

Во недела времето ќе биде нестабилно претежно попладне и во источните делови од земјата со појава на пороен дожд и грмежи, но од понеделник се очекува претежно сончево време со побрз пораст на температурите.

Особено топло, според УХМР, ќе биде кон средината на работната недела. Температурите ќе се движат од минимални 13 степени во утринските часови до 40 степени во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.