Се подготвува обвинение заради исчезнатиот малезиски авион

Една адвокатска фирма од Чикаго покрена процедура пред судот во САД против авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ и компанијата „Боинг“ поради исчезнување на авионот на летот МХ370.

Со започнувањето на оваа законска процедура пред судот во Илиноис може да се означи почетокот на правната битка која чини неколку милиони долари.

Фирмата „Рибек Ло Чартед“ соопшти дека упатила барање со кое бара обезбедување на документи кои што се однесуваат на тоа конструкцијата, механичните проблеми или управувањето со авионот да се можни причини за пад на авионот.

„Веруваме дека двете тужени страни се одговорни за трагедијата на летот МХ 370“, се наведува во соопштението објавено во Куала Лумпур.

„Од исклучителна важност за жртвите кои ги застапуваме сите одговорни страни да бидат исправени пред правдата, без исклучок“, стои во соопштението.