Се подготвуваат ли Заев и Шекеринска за шестиот по ред изборен пораз?

Дали премиерот Зоран Заев и поранешната претседателка на СДСМ Радмила Шекеринска се подготвуваат за шестиот по ред изборен пораз? Ова е прашањето што се наметнува во јавноста откако стана очигледно дека тие бегаат од предлогот кандидатот за мандатар да не се најде на пратеничка листа.

Според аналитичарите оваа одлука на владејачкото мнозинство отвара сомнеж дека ова се прави со цел да го злоупотребат Парламентот и пратеничкиот имунитет и ќе се обидат да избегаат од секаква одговорност.

Двоецот Заев – Шекеринска изминативе 14 години се без победа на парламентарни избори откако беа поразени од ВМРО-ДПМНЕ во изборите во 2006, 2008, 2011, 2014 и 2016-та година.

На изборите во 2016-та година иако победник беше ВМРО-ДПМНЕ со постизборен инженеринг Влада формираше СДСМ.

Политичкиот аналитичар Сотир Костов за „Курир“ вели дека тандемот Заев-Шекеринска е политички двоец без кормилар.

-Деновиве политичкиот двоец Заев-Шекеринска засилено и интензивно ни покажува и докажува дека нивните политики и владеењето што го практикуваат се темели на лицемерие, лаги и измами. Од 2013 година, кога станаа двоец без кормилар, па се до декември 2016година губеа избори (парламентарни, локални, претседателски), како од шала. Почнаа да се служат со лаги и измами, па така, иако губитници на парламентарните избори, составија влада, која ќе остане запаметена како ненародна и предавничка. Ја погазија волјата на граѓаните избирачи, изразена на Референдумот, насилнички, со притисоци, уцени, закани и поткуп, сменија Устав на Република Македонија и светото име – Република Македонија. Ветија датум за отпочнување на преговори за влез во ЕУ, не го испорачаа, а еве две години најсрамно не лажат дека сме го добиле, ама……ете Макрон не го давал. Ветија прием во НАТО до крајот на годината, и тоа не бидна. Ама важно тие се возат на носач на авиони и туѓи знамиња прогласуваат за наши – македонски. Бруки. Срамои. Да не си го знаеш и познаваш знамето на државата. Политичка шуга, како онаа вистинската во АРМ. Морална и културна беда. А за корупција и непотизам, ала Рекет (Боки Тредичи и Прокураторе Спечијале Катица) се мајстори,коментира Костов.