Се појавија сведоци на падот на малезискиот авион?

Дваесет и деветгодишен Малезиец тврди дека во саботата ноќта го видел авионот на „Малезија ерлајнс“ како паѓа во Јужното кинеско море.

Алиф Фатхи Абдул Хади, кој живее на крајниот североисток на Малезија тврди дека саботата ноќ во 1,45 часот по локално време на небото видел „силна светлина како со голема брзина се движи надолу“ односно кон Јужното кинеско море над кое во 1,41 часот истата ноќ последен пат на радарот е виден мистериозно исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“.

Со оглед на положбата на Алиф од која тврди дека ја видел светлината, ако навистина бил „боинг“-то со 239 патници и членови на екипажот тогаш авионот бил барем неколку километри северно од својата зацртана рута по која што тргнал од Куала Лумпур кон Пекинг.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.